Македонија е најконкурентна за инвестиции

Bez autora
Dec 08 2013

Со ниски трошоци и образована работна сила, Македонија нуди одлични можности за инвестирање. Ова го истакна премиерот Никола Груевски на вчерашниот бизнис-форум на кој присуствуваа над 40 компании од Југоисточна Европа. Имаме најниски трошоци за правење бизнис. Во Европа нема ни една друга држава со вакви трошоци, рече премиерот Груевски, додавајќи дека покрај ниските даноци се нуди и можност за ослободување од оданочување на реинвестираната добивка што ја користат две третини од компаниите во земјава. Тој напомена повеќе активности што ги презема Владата и посочи дека сите заедно прават еден мозаик за привлекување странски инвеститори. Според министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлевски, бизнис-форумот е одлична можност да се претстават предностите за инвестирање и изрази надеж дека силни корпорации кои веќе се присутни во ЈИЕ, ќе дојдат и кај нас.

Македонија е најконкурентна за инвестицииСо ниски трошоци и образована работна сила, Македонија нуди одлични можности за инвестирање. Ова го истакна премиерот Никола Груевски на вчерашниот бизнис-форум на кој присуствуваа над 40 компании од Југоисточна Европа.

„Имаме најниски трошоци за правење бизнис. Во Европа нема ни една друга држава со вакви трошоци“, рече премиерот Груевски, додавајќи дека покрај ниските даноци се нуди и можност за ослободување од оданочување на реинвестираната добивка што ја користат две третини од компаниите во земјава.

Тој напомена повеќе активности што ги презема Владата и посочи дека сите заедно прават еден мозаик за привлекување странски инвеститори.

Според министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлевски, бизнис-форумот е одлична можност да се претстават предностите за инвестирање и изрази надеж дека силни корпорации кои веќе се присутни во ЈИЕ, ќе дојдат и кај нас.

Според Микеле Орзан, претседател на Европската стопанска комора на Централна и Источна Европа, Македонија има одлични инвестициски можности и е држава која има најдобри реформи во бизнис-областа, како и добра заштита на инвеститорите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik